ДРАГАН СТОЈКОВИЌ БОСАНАЦ СКРШЕН ОД БОЛКА Неговата смрт многу го погоди: „Голем човек“

Босанскиот композитор и член на жирито во Ѕвездите на Гранд, Драган Стојковиќ се прости од својот пријател, босанскиот писател и актер Јосип Пејаковиќ, кој почина на 78-годишна возраст.
Имено, Јосип Пејаковиќ почина пред два дена на 78-годишна возраст, а композиторот Драган Стојковиќ Босанац се прости од својот пријател со емотивна објава.
– Последен поздрав до мојот пријател и голем човек. Драган Стојковиќ Босанац – напиша Стојковиќ на Инстаграм.
Погребот на големиот босански уметник Јосип Пејаковиќ ќе се одржи во среда, 23 јули, во 13 часот, на градските гробишта Баре во Сараево.
Комеморацијата и почитта кон неговото богато театарско и филмско творештво ќе се одржи во понеделник, 15 септември, со почеток во 19:30 часот во Народниот театар во Сараево – на денот кога требаше да се изведе премиерата на претставата „Омер Паша Латас“, објавува Кликс.
Да ве потсетиме дека во последната деценија Јосип се борел со голем број болести, а имал дури 17 операции. Во 2019 година, тој дури рече дека бил отпишан, но успеал да се опорави.