Вести

Пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари

Advertisement

Владата на денешната седница го усвои предлог-законот за изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со што следи покачување на пензиите, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно денеска на прес-конференција изјави дека Владата денеска ќе го разгледа предлог-законот за линеарно зголемување на пензиите, кој потоа ќе биде испратен до Собранието.

Advertisement

-Очекуваме линеарно зголемување на пензиите, тоа го бараат пензионерите од Владата. Тој процент што треба да се зголеми да биде линеарно распределен на сите корисници на пензии. Денеска на седница на Владата би требало предлог законското решение да помине и веднаш потоа да биде испратено до парламентот. Очекувам Парламентот пред распишување на локалните избори тоа да го изгласа позитивно, изјави Мицкоски.

Ветивме – исполнивме. И продолжуваме. На денешната владина седница донесовме одлука за ново зголемување на пензиите:

1.000 денари во септември 2025 (исплата на 1 октомври);

Advertisement

1.000 денари во март 2026 (исплата на 1 април), информира премиерот Христијан Мицкоски.

-Ова значи дека пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари, како продолжение на досегашното зголемување од 5.000 денари во првата година од мандатот на оваа влада.

Вкупно 7.000 денари повеќе. Пензионерите го заслужуваат целото наше внимание, почит и поддршка. Нема да застанеме тука. Ова е само дел од политиката на грижа, правичност и одговорност за која се обврзавме и која што посветено ја спроведуваме, порача премиерот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button