Вести

Утре е тежок и посебен ден: Помолете се и никако не правете го ова!

Advertisement

Утре 14 јули, православните верници ја слават славата посветена на браќата Козма и Дамјан, светци кои народот ги смета за заштитници на медицинската професија, поради што се нарекуваат Свети лекари.

Многу здравствени установи ги слават овие светци и лекари како заштитници на својата професија, иако Светите лекари не се запишуваат во календарот со црвена боја и постот не е задолжителен.

Advertisement

Според легендата, светците помогнале и лекувале без да побараат ништо за возврат „заради придобивка и збогатување, но заради Бога“.

Тие не ги разликувале нивните пациенти според националноста и религијата. Единствено што барале за возврат од своите пациенти било да не го кажуваат залудно името Христос, дури и ако не сакаат да го прифатат христијанството.

Именден празнуваат: Кузман, Кузе, Дамјан, Даме…

Advertisement

Обичаи

Во народниот живот овој празник повеќе го празнуваат оние што се занимаваат со народна медицина: лекување, баење, лекување со билки итн. Тие на овој празник не работат зашто во спротивно нема да им фати лекот.

Исто така, се верува дека не треба да се врши тешка физичка работа и дека не треба да се напушта домот освен ако е апсолутно неопходно. Според народното верување, овој ден е добар ден за молитва за исцелување:

Кон вас, свети бесребреници и чудотворци Козма и Дамјане, како кон брзи помошници и топли молитвеници за нашето спасение, ние недостојните (имињата), клекнувајќи на колена, прибегнуваме и припаѓајќи усрдно повикуваме: Не презирајте ги молењата од нас грешните, немоќните, кои паднавме во многу беззаконија, и кои во секој час и ден грешиме. Умолете Го Господа, да ни даде, нам недостојните Негови чеда, од Својата богата милост: избавете нѐ од секоја мака и болест, бидејќи вие примивте од Бога и Спасителот наш Исус Христос непотрошлива благодат за исцелување, поради цврстата вера, бесплатното лечење и вашата маченичка смрт. Да, угодници Божји, не престанувајте да се молите за нас, кои со вера кон вас итаат: иако според мноштвото на нашите гревови и не сме достојни за вашето милосрдие, сепак, вие, верни и вистински подражатели на Божјото човекољубие, направете, да принесеме плодови достојни за покајание, и во вечниот покој да достигнеме, фалејќи и благословувајќи Прекрасниот во Своите светии Господа и Бога и Спасителот наш Исус Христос и Неговата Пречиста Мајка, и вашето топло застапништво, сега и секога, и во вечни векови. Амин.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button