Новости

Ѓорѓе Давид пред финалето на „Ѕвездите на Гранд“: За мене, прв фаворит за победа е Никола Станишиќ

Advertisement

Вечерва е големото финале во кое 20 натпреварувачи ќе се борат да го освојат првото место во „Ѕвездите на Гранд“.

Ѓорѓе Давид се огласи пред вечерашното суперфинале на „Ѕвездите на Гранд“.

Advertisement

Познатиот музичар и член на жирито кажа кој, според него, е вистинскиот фаворит за победа.

„За мене, прв фаворит е Никола Станишиќ. Тој е единствениот од Македонија“, изјави Ѓорѓе порачувајќи дека младиот Македонец ги има сите предиспозиции за триумф.

„Премногу ми е мило што јас ја обезбедив победничката од Македонија, Славица Ангелова од Струмица, и ова сега е можност Македонија да добие и машки победник кој е фантастичен.

Advertisement

Тој ги задоволи сите критериуми од почеток до крај и сто проценти се даде на сцена. Тој човек според мене, бидејќи публиката гласа, реално има најголеми шанси за победа“, вели Ѓорѓе Давид.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button