Вести

Eве кои граѓани до крајот на годината ќе добијат 47.000 денари на своите сметки

Advertisement

Правото на исплата на регрес за годишен одмор, односно К-15 е воспоставено со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството и се однесува на сите вработени лица во приватниот сектор во Република Македонија.

Од 1ви јули до 31ви декември трае законската обврска на работодавците од приватниот сектор за исплата на регрес за годишен одмор.

Advertisement

К-15 се пресметува врз основа на просечната нето или бруто плата во изминатите три месеци (40% од износот).

Оттука сумата која треба да легне на трансакциските сметки не смее да биде помала од 10.956.

За да добие регрес за годишен одмор работникот мора да бил ангажиран кај истиот работодавач најмалку шест месеци во текот на календарската година.

Advertisement

Една од најуспешните компании во Македонија, Стокомак на својата фејсбук страница објави дека го зголемува својот регрес во знак на благодарност за трудот на своите посветени вработени!

И оваа година, Стокомак го зголемува својот регрес во знак на благодарност за трудот на своите посветени вработени!

Во духот на континуирана грижа и почит кон трудот на нашите вработени, Стокомак со гордост ја информира јавноста дека оваа година секој вработен ќе му биде исплатен регрес со износ од 47.000 денари.

Оваа одлука претставува наш начин да ја наградиме посветеноста, трудот, и континуираниот придонес на нашите вработени. Во време на економски предизвици, веруваме дека поддршката и сигурноста што им ја нудиме на нашите вработени се поважни од кога било.

Покрај оваа значајна поддршка, Стокомак и понатаму ја одржува традицијата на доделување летен сет и верски бонус за сите вработени – практики кои веќе со години се дел од нашата корпоративна култура и грижа за вработените.

Веруваме дека зад секој успех стојат луѓето кои даваат сѐ од себе секој ден. Затоа, Стокомак останува посветен на создавање стабилна, мотивирачка и фер работна средина, каде што грижата за
вработените е приоритет, а успехот заеднички се гради.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button