Наши ѕвезди

Последната објава на Влатче се уште стои на Фејсбук и многумина ќе расплаче – голема тага и непребол

Да беше жив, Влатче ќе го славеше својот 40 роденден

Advertisement

Ова беше тажен ден за семејството, но и за пријателите и сите оние што го познаваа нашиот познат пејач.

Пејачот Влатко Илиевски почина на 6 јули 2018 година, а да беше жив денес ќе го славеше својот 40- ти роденден.

Advertisement

Тој почина многу млад, на 33-годишна возраст, кога неговото безживотно тело беше пронајдено во неговиот автомобил.

Принтскрин/ Јутуб, Евровизија

Почина само неколку дена по неговиот роденден, а на неговиот Фејсбук профил се уште стои неговата последна објава.

Advertisement

Имено, Влатко само неколку часа пред да биде пронајден, објави две селфи фотографии кои и денес стојат на Фејсбук.

„Шарене пилуле за лилуле“, пишува во описот на фотографиите кои и денес предизвикуваат солзи кај многумина.

По неговата ненадејна смрт цела естрада беше во шок, а со денови на Фејсбук можеа да се прочитаат тажни коментари за него.

„Почивај во мир Влатко. Прерано ти ги отворија небеските порти, ама бидејќи за жал веќе си во небесата те замолувам кога веќе си заедно со твоите омилени музичари, најди ги и собери ги, најди го Тоше и сите заедно направете концерт. Нека грми, нека има молњи, нека врне истура, да ги има сите сценски ефекти за да уживаме во концертот, но и да се исплачеме на раат“, беше само еден од многуте коментари што тогаш можеа да се прочитаат на социјалните мрежи.

Фејсбук/ Влатко Илиевски

Потсетуваме, Влатче, само неколку часа пред да згасне неговиот живот, бил со своите пријатели, весел и насмеан како и секогаш.

Принтскрин/ Јутуб, Евровизија

Впрочем и денес многумина го паметат токму таков, а бендот „Морал“ со кој тој ја започна својата кариера, на нивната официјална страница, по повод неговиот роденден, сподели една стара фотографија.

Како Влатче изгледал тогаш, на почетокот од својата музичка кариера, потсетете се во продолжение…

Принтскрин/ Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button