Дом и семејство

Психијатар открива која е најчестата грешка што ја прават родителите кога детето плаче – и што никако не треба да направите

Advertisement

Канадско-американската детска психијатарка д-р Вило Џенкинс предупредува дека една од најчестите грешки што ги прават родителите е тоа што му велат на детето: „Не плачи“.

„Кога му велите на детето да не плаче, му испраќате порака дека неговите чувства не се валидни. Плачењето е природен начин за изразување емоции и многу е важно децата да се чувствуваат безбедно да ги покажат своите емоции“, објаснува д-р Џенкинс.

Advertisement
пекселс

Наместо тоа, таа советува да му кажете на детето: „Во ред е да си тажен/тажна, ајде да разговараме за тоа.“

Д-р Ешли Пагенков дополнува дека плачењето е „развојно соодветно“ на секоја возраст и дека со него се ослободуваат окситоцин и ендорфин – два „добри хормона“ кои му помагаат на детето да се почувствува смирено. Емпатичниот одговор на родителот на детските солзи ја зајакнува врската меѓу нив.

„Истражувањата покажаа дека начинот на кој родителот реагира на солзите на детето влијае на тоа колку добро ќе научи детето да ги регулира своите емоции“, пишува Пагенков на својот блог. „Ако реакцијата постојано е негативна, со тек на време детето нема да умее здраво да се справува со своите чувства.“

Advertisement
пекселс

Наместо укор, таа препорачува фрази како: „Во ред е да плачеш. Ајде да вдишеме длабоко неколку пати“,„Знам дека ти е тешко. Ми е жал што поминуваш низ ова. Јас сум тука со тебе“,„Ова навистина е тешко, но знам дека можеш да го пребродиш.“

Готман институтот, кој обучува психотерапевти, препорачува родителите да им помогнат на децата да ги идентификуваат своите „предизвикувачи“ (она што ја предизвикало реакцијата детето да плаче) – ситуации кои предизвикуваат тага.

По епизодата на плачење, експертите советуваат смирен разговор со детето: прашајте го што се случило пред да заплаче, помогнете му да ги именува своите чувства (на пр. фрустрација, тага) и да ги препознае физичките знаци (на пр. стегање во телото, црвено лице, трема).

Потоа, разговарајте за тоа како следниот пат може да реагира во слична ситуација. Научете го некои техники за смирување, како длабоко дишење или броење до 10.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button