Вести

Лоши вести за Македонците со бугарски пасоши

Advertisement

Градското обвинителство во Софија вчера почнало истрага за организирана криминална група што се занимавала со незаконско издавање бугарски државјанства во периодот од почетокот на 2021 до јуни годинава, јавуваат бугарските медиуми.

Во истрагата што ја води Главната дирекција „Борба со организиран криминал“ (ГДБОП) на бугарското МВР е вклучена и Државната агенција за национална сигурност (ДАНС).

Advertisement

Од досега утврденото, постоела организирана шема за противзаконско доделување бугарско државјанство на странци со лажни документи за бугарско потекло.

Истрагата е почната по проверки направени од ДАНС по дојава од 4 март годинава од министерот за правда на Бугарија, Георги Георгиев.

Тој побарал ДАНС да го провери работењето на Дирекцијата „Бугарско државјанство“ во Министерството за правда. Во предистражната постапка, министерството ги доставиле сите побарани информации на ДАНС.

Advertisement

Во оваа акција се прибираат докази за кривични дела и се вршат распити.

Според некои искази на поранешни и сегашни бугарски високи функционери, се смета дека над 120.000 македонски државјани добиле бугарско државјанство и бугарски пасоши. Повеќе детали се очекуваат утре.

Да потсетиме над 216 илјади пасоши со бугарско државјанство се издадени на граѓани на Република Северна Македонија, објави министерот за внатрешни работи Даниел Митов.

„Во периодот од 1 јануари 2007 година до 17 јуни 2025 година издадени се 216.594 пасоши на бугарски државјани за кои има информации за второ државјанство на Република Северна Македонија“, изјави министерот за внатрешни работи. Министерот Митов нагласи дека „основата за издавање бугарски пасош произлегува од стекнувањето на бугарско државјанство од страна на лицата“.

Според Законот за бугарски лични документи, пасошите се издаваат само на бугарски државјани.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button