Кире Науновски има шанси да победи во финалето – моментално води, еве како и вие да гласате
Кире настапи со преубава македонска песна

Кире Науновски од Свети Николе важи за фаворит во „Никогаш не е доцна“, а моментално и води на Фејсбук гласањето.
Тој со музика започнала да се занимава уште од 16 годишна возраст, кога почнал да пее на свадби и прослави.
Што се однесува до натпреварот, најголема поддршка има од сопругата со која е повеќе од 15 години и со која има две деца.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Во првиот круг Кире имаше голема трема, што сите го забележаа, а доби поддршка и од Тијана Дапчевиќ која тогаш беше во жирито. Кире тогаш настапи со песна од Маринко Роквиќ, а неговиот настап ги воодушеви сите кои го пофалика за генијалната изведба.
„Мислам дека Маринко би бил горд на ова, ти посакувам среќа и добредојде во шоуто“, му порача тогаш Тијана.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Тој во финалето се престави со преубавата песна „За Милица“ од нашиот познат пејач Наум Петрески и повторно сите ги воодушеви.
Песната посебно ја погоди Алка Вуица, посебно емотивниот текст, а Кире додаде дека истата ја избрал за сите од Македонија.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Потсетуваме, и оваа година ќе бидат избрани тројца победници – од страна на жирито, преку Фејсбук гласање и со СМС пораки.
Што се однесува до СМС гласовите, се што треба да направите е да го напишете редниот број на кандидатот и да испратите на бројот на земјата од која гласате. Од еден број може да гласате само за еден кандидат.
Доколку сакате да го подржите својот фаворит и да му овозможите победа и преку Фејсбук гласањето, направете го тоа ТУКА.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Што се однесува до гласањето преку Фејсбук, во овој момент води Кире, а на трето место е Миро.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна
На шестото место Зоран Руде Цеки, но ова до крајот на емисијата може да се промени, а се зависи од вашите гласови.