Огласи

Eдна од најуспешните македонски компании бара работници со средно образование – плата 32.000 денари

Advertisement

Макпетрол АД е синоним за доверба, квалитет и иновации во енергетскиот сектор! Со повеќе од 78 години искуство, ние сме најголемата компанија за снабдување со горива, природен гас и енергетски решенија во Северна Македонија. Нашата широка мрежа од 126 бензински станици, постојаните инвестиции во еко-горива и нашите над 2000 вработени ја прават компанијата идеално место за професионален раст и развој.

Ако сте амбициозни, посветени и сакате да бидете дел од успешна приказна, ова е Вашата шанса!

Advertisement

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

САМОСТОЕН РЕФЕРЕНТ ВО ДИРЕКЦИЈА ЗА НАБАВКА

Работно место: Самостоен референт во Одделението за документација и логистика во Сектор за набавка на енергенси во Дирекцијата за набавка на определено време од 3 (три) месеци со можност за продолжување.

Advertisement

Работни задачи и одговорности:

Спроведува мерења и изготвува извештаи за количини и квалитет на набавени енергенси (нафта и нафтени деривати);
Води евиденција и архивира техничка, комерцијална и транспортна документација поврзана со набавката на енергенси;
Подготвува и обработува документација за влез и излез на нафтени деривати (мерни листи, товарни листови, сертификати за квалитет, и сл.);
Соработува со превозници и други релевантни субјекти за обезбедување навремена и точна документација;
Води грижа целата документација да биде во согласност со Законот за енергетика и другите важечки закони и интерни правила.
Учествува во внатрешни и надворешни контроли и ревизии во делот на документација и логистика;
Води грижа за точноста, навременоста и безбедноста на документацијата и податоците;
Врши и други административно-логистички задачи по налог на непосредниот претпоставен.

​Потребни квалификации и вештини:

Завршено средно образование;
Претходно работно искуство од најмалку 2 години;
Напредно познавање на MS Office пакетот;
Основни познавања на регулативата од областа на енергетиката (особено Законот за енергетика);
Организираност, точност и внимание кон детали;
Вештини за комуникација и тимска работа.

​Место на извршување на работните задачи и работно време: Работните задачи се извршуваат на ул. 10 бр. 152, Миладиновци, Илинден. Дневното работно време се одвива од 07:00 часот до 15:00 часот, од понеделник до петок. Работното време може да се прераспореди согласно Законот за работните односи, а во зависност од обемот на работните задачи.

Што нудиме?

Основната нето плата за објавеното работно место изнесува 32.000 денари
Додатоци кон плата кои се пресметуваат согласно Законот за работните односи и подзаконските акти
Континуирана едукација и професионален развој
Приватно здравствено осигурување под услови утврдени во Компанијата

Начин на апликација:

Заинтересираните кандидати треба да достават:
Писмо за мотивација;
Кратка биографија;
Копија од диплома за завршено образование;
Копија од други стекнати дипломи и уверенија;
Препорака од претходен работодавач;
Уверение од кривична евиденција.

Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол“ А.Д. – Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје

лице за контакт: Јана Момировска
телефон за контакт: 02/3146-532

По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.

Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.

Аплицирајте сега и станете дел од тимот што ја движи иднината!

Пријава до: 03. 07. 2025.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button