Бизнис

ОДЛИЧНИ ВЕСТИ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: Еве точно колку ќе пораснат пензиите

Advertisement

Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, но се уште, не сме разговарале за тоа дали ќе биде линеарно или процентуално, иако го знаете мојот став дека јас сум поборник за тоа да има линеарно зголемување на пензиите, изјави неодамна на прес-конференција министерката за финансии, Димитриеска Кочоска.

Претставувајќи го предлог ребалансот на Буџетот за 2025 година, на прес-конференција во Владата, Кочоска рече дека вкупниот транфер од Буџетот кон ПИОМ годинава ќе изнесува некаде околу 50 милијарди и дека со предлог ребалансот се предвидуваат дополнително околу 2,5 милијарди.

Advertisement

Фондот за ПИОМ, посочи Кочоска, добива приливи по однос на придонесите кои што ги остварува буџетот и тие, иако поминуваат преку Буџет, директно се трансферираат во ПИОМ.

-Првата половина на годината имаше послаба реализација од она што ни е проектирано до крајот на годината, затоа што ние проектиравме, а проекцијата ќе се оствари бидејќи ние немавме усогласување со минимална плата и понатаму растат платите и сега веќе се чувствува од месец во месец, како имаме поголема наплата на придонесите, така што, 2,5 милијарди се испланирани, но тоа е само резултат на тие ликвидносни недостатоци, што го има ПИОМ во насока на тоа колку тој остварува од сопствените приходи, појасни Кочоска.

Владата преку ребаланс на Буџетот за 2025 официјално објави ново покачување на пензиите и платите во јавниот сектор, пишува Банкометар.

Advertisement

Овој пат не се работи за симболични корекции – туку за конкретни, видливи суми кои ќе се почувствуваат уште со јулската исплата.

Според документите што ги објави Министерството за финансии, просечната пензија ќе скокне за 2.130 денари, што значи дека голем дел од пензионерите ќе примаат над 21.000 денари месечно. Ова покачување ќе ги опфати сите 330.000 пензионери во државата.

Но, ова не е сè. Јавната администрација – вклучувајќи ги вработените во МВР, здравството, образованието и општинските служби – ќе добијат меѓу 3.200 и 6.800 денари повеќе секој месец, во зависност од институцијата и рангот на работното место. Просечната плата во државните институции се очекува да достигне 45.000 до 50.000 денари, што е највисоко ниво досега.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button