Парите се веќе исплатени, овие граѓани да си ги проверат сметките

Општина Гази Баба продолжува со својата заложба за подобрување на животниот стандард на своите повозрасни жители, воведувајќи за прв пат еднократна финансиска поддршка за најранливите категории пензионери.
Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски на својата фејсбук страница истакна дека 510 пензионери ја добија помошта. Неговиот статус ви го пренесуваме во целост.
510 ПЕНЗИОНЕРИ – ДЕНЕС ЈА ДОБИЈА ПОМОШТА ОД ОПШТИНА ГАЗИ БАБА!
Финансиската поддршка значи повеќе сигурност и достоинство за нашите највозрасни сограѓани!
Денес 510 пензионери со ниски пензии од Општина Гази Баба добија на своите сметки по 2.500 денари 💸 директна помош – средства што за многумина значат покривање на секојдневните трошоци. 🛒
Комисијата продолжува со работа – исплатата се одвива според редоследот на поднесените барања по јавниот повик.
Помагаме затоа што никој не смее да биде оставен сам.