Бизнис

Димитриеска-Кочоска: Обезбедивме допонителни 600 милиони денари за инвестиции за локален развој и реализација на општинските проекти

Advertisement

Собранието денеска ја усвои Предлог одлуката за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници за 2025 година, со која се обезбедени дополнителни 600 милиони денари за инвестициски проекти. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска посочи дека станува збор за средства за реализација на инвестиции во општините што, како што рече, е дел од нивниот концепт за развој на локално ниво.

Средствата се наменети за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините, согласно објавениот повик и утврдени критериуми од страна на надлежните министерства. Со прераспределбата, исто така, се обезбедени 242,3 милиони дополнителни средства во Министерството за социјална политика, демографија и млади за надоместоци за социјална заштита.

Advertisement

– Дополнителни 600 милиони денари се ставаат на располагање на општините за инвестиции кои ќе значат подобри услови за живот на граѓаните и подобри услуги од општините. Целта на Владата е поддршка на локалниот развој и истовремено поддршка на економскиот раст. Средствата со Одлуката ги распределуваме во буџетите на надлежните институции од каде ќе се трансферираат средствата кон општините согласно динамиката на реализација на проектите, рече Димитриеска-Кочоска.

Таа појасни дека средствата се распределуваат во Министерството за социјална политика, демографија и млади каде се дополнуваат 100 милиони денари, во Министерството за образование и наука 361,2 милиони денари, Министерството за спорт 62,4 милиони денари и Министерството за култура 60 милиони денари.

Како што информираат од Министерството за финансии, ова е согласно пристигнатите и одобрени проекти од вториот јавен повик на кој општините доставија проекти за реализација. Дел од планираните средства за реализација на проектите за локален развој, кои се имплементираат од страна на општините, беа распределени со иницијалниот Буџет за 2025 година во соодветните министерства.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button