ФАНОВИТЕ ВО ШОК Oмилениот актер на многу Македонци оди во затвор

Халит Ергенч е осуден на затворска казна за учество во протестите во Турција.
Ергенч првично беше осуден на две години и три месеци затвор, но казната беше променета на една година и десет месеци поради неговото наводно примерно однесување за време на судењето.
Станува збор за демонстрациите во 2013 година кои избувнаа во Истанбул кога властите одлучија да ги отстранат дрвјата во паркот Гези за да направат место за трговски центар – што предизвика бран незадоволство и масовни протести.

Во текот на истрагата Халит и неговиот колега актер Риза Коачоглу тврдеа дека немале контакт со еден од обвинетите кој е во бегство. Но, истрагата покажала дека Халит сепак разменил пораки со тоа лице, кои судот ги протолкува како лажно сведочење.
Веста дека Ергенч е осуден предизвика бура од реакции во Турција и регионот. Гледачите на серијата „Сулејман Величествениот“, кои го поистоветуваат актерот со улогата на легендарниот султан, останаа во шок – не верувајќи дека некој кој толку многу придонел за турската културна сцена може да заврши зад решетки.