Владимир загина како херој на Први Мај – Се обидел да помогне па заминал во смрт

Незапаметена трагедија ја потресе Србија во која пет лица загинаа во септичка јама.
Несреќата се случила кога еден маж паднал во септичка јама, а други се обиделе да му помогнат, при што и тие починале.
Четири члена на семејството загинаа: дедо, неговата сопруга, нивниот син и внук. Загинал и сосед кој бил со нив во моментот на несреќата, пишува Блиц.
Меѓу загинатите е дваесетгодишен млад човек, студент на Економскиот факултет во Крагуевац.
Петтата жртва, жена, почина во болница синоќа. Во прашање е сопругата на починатиот дедо, бабата на починатото момче, која била примена во болница во многу лоша состојба, пренесува Нова.рс.
Српските медиуми јавуваат дека жртвите биле убиени од амонијакот од септичката јама и дека најверојатно некој паднал во јамата, а потоа сите што се обиделе да помогнат починале.
Владимир Изљамовиќ од Топола, е херојот кој загина во септичката јама, додека се обидувал да спаси семејство од неа.
– Владимир беше дојден во својата викендичка, која е веднаш до семејството кое почина во трагедијата. Живее во градот со сопругата и има две деца. Кога слушна дека семејството вика за помош, без размислување притрча, ама за жал и тој се задуши од амонијакот, велат соседите за српските медиуми.
Тој бил вработен во јавното комунално претпријатие Топола, а сите соседи за него велат дека бил прекрасен и вреден човек.
– Беше многу добар човек, образован, некое време работеше во аптека, па потоа смени работа. Секогаш помагаше и замина како херој…велат соседите за Блиц.
Инаку, трагедијата се случи во Топола околу 17 часот кога во септичка јама на семејна фарма, се задуши четиричлено семејство. До несреќата дошло кога еден од членовите паднал во јамата, а другите обидувајќи се да помогнат, починале со него.
Пожарникари, спасувачи и екипи на брза помош пристигнаа на местото на несреќата вчера, но немаше спас за несреќните луѓе.
Амонијакот бил толку концентриран што и двајца од пожарникарите кои се обиделе да ги извадат жртвите се онесвестиле