Кире од Свети Николе направи лом во шоуто – сите ги воодушеви со оваа песна од Есма Реџепова
И Харис Џиновиќ го пофали дека има совршен слух...

„Кире Науновски е уште еден доказ дека луѓето што доаѓаат од Македонија навистина имаат неверојатни гласовни можности, пишува порталот „Гранд.онлајн“, по неговиот настап во „Никогаш не е доцна“.
И токму заради неговиот докажан талент Кире во емисијата сите го нарекуваат наследник на Маринко Роквиќ, по неговата генијална изведба на една песна на легендарниот пејач со која сите ги воодушеви.
Кире и во последната емисија само го потврди сето ова, а избра една песна од Шабан Шаулиќ со која сите ги остави без зборови.
Станува збор зa една од најтешките песни на Шабан, а Кире со својот настап го воодушеви и Харис Џиновиќ кој беше во жирито.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Кире потоа во ревијалниот дел настапи заедно со пејачката Сара Видаковиќ, член на оркестарот во „Никогаш не е доцна“, која иако е во блажена состојба, се уште работи со полна пареа.
Кире со Сара ја изведоа песната Есма Реџепова и Цуне Гојковиќ „Благујно дејче“ со која ги воодушевија сите.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Потсетуваме, Кире Науновски е од Свети Николе, а своите први чекори како пејач ги направил на 16 години.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Во шоуто уште од првиот настап ги воодушеви сите, а моментално важи и за еден од најдобрите натпреварувачи во шоуто.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
„Ти си феноменален пејач! И дикциски перфектно отпеа што е тешко за твојот народ и генерално на пример за луѓето од јужна Србија, така што секоја чест“, му порача Маре по еден од неговите претходни настапи што се огласи и Тијана која му честиташе за генијалниот настап и му посака голем успех и во следниот круг од шоуто.