Вести

Снегот се враќа – Сибирски ладен бран ќе ја зафати Македонија

Advertisement

Метео анализа на Славчо Попоски

Почнувајќи од 5 април (сабота) па во текот на следната седмица, ни следува многу ладен период, и тоа поради спуштањето на многу ладен воздух директно од Сибир кон Балканот и нашата Република Македонија.

Advertisement

Сето ова ќе го предизвика Антициклонот (поле на висок воздушен притисок) над Велика Британија, токму овој Антициклон слободно ќе дозволи кон нашите предели од Сибир да продре овој многу ладен воздух.

пекселс

Овој многу ладен воздух ќе го активира Јадранот и Средоземјето, па ширум Балканот, особено централен Балкан, како и јужните и југоисточите предели од истиот поради стварање на плиток циклон токму над Јадранот и над Средоземјето ќе услови пообилни врнежи од снег и формирање на снежна покривка, локално позначителна, како на повисоките и планинските места, така и во делови од градовите.

Најголема снежна покривка очекувам во западната половина од нашата Република Македонија (локално и над 10/20 cм снег) а на планините и на Скијачките центри и до околу, па и над 30 cм снег.

Advertisement

Се очекува и појава на посилен мраз, а температурите локално во Македонија ќе се спуштат до близу -10 степени, а на планинските и на Скијачките места и до, па и под -10 степени.

пекселс

Да напоменам дека температурите кои се очекуваат за време на Сибирскиот многу ладен бран, ќе бидат многу пониски од просекот за април месец, дури за околу, па и за повеќе од 10 степени под просекот за овој дел од годината.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button