Новости

Последното видео на пејачот од „Ѕвездите на Гранд“ што загина синоќа: Ова е претажно (ВИДЕО)

Advertisement

Пејачот Предраг Пеџа Бошњак загина во неделата во тешка сообраќајна несреќа возејќи мотор.

Пејачот Предраг Пеѓа Бошњак загина во неделата во тешка сообраќајна несреќа на 34-годишна возраст додека управуваше моторцикл. На неговиот Инстаграм профил се појавија коментари каде многумина изразија тага и шокираност поради неговото прерано заминување.

Advertisement
инстаграм

Некои од нив се под неговото најново видео кое го објави на 9 март.

View this post on Instagram

Advertisement

A post shared by PREDRAG PEĐA BOŠNJAK 🎶🎤🎶 (@bosnjak_pedja)

За сите дами во живо ја испеа една од најубавите балади на поп-пејачот Сергеј Четковиќ „Љубав“.

– Затоа што дамите побараа – напиша тогаш.

Пеџа кој е познат по учеството во „Ѕвездите на Гранд“ е роден во Мостар, а според информациите трагично го загубил животот во несреќа откако паднал од мотор.

Кој беше Предраг?

Предраг беше дел од осмата сезона во „Ѕвездите на Гранд“ кога ги освои сите со својата харизма и музички талент.

Во супер-финалето го освои осмото место, а по натпреварот од „Гранд“ доби и песна која може да ја слушнете во продолжение.

По учеството во популарното шоу многу врати му беа отворени во светот на музиката, па тој продолжи да ја гради својата кариера.

Настапуваше ширум Србија, но и во странство, пред три години својата песна ја промовираше во „Никогаш не е доцна“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button