Се огласи кумот на Саша Поповиќ: „Магнетната резонанца не покажа ништо, имаше само еден симптом“

Саша Поповиќ почина на 1 март по тешко боледување, а неговиот кум, пејачот Дејан Ќирковиќ Ќира сега ги откри шокантните детали од неговата борба.
Тој за „Блиц“ изјави дека постојано е во контакт со вдовицата на Саша, Сузана Јовановиќ, а за неговата сериозна дијагноза изјавил дека директорот на „Гранда“ сосема случајно дознал.
-Сузана сè уште е во шок, се презема многу тешко. Сега има многу обврски, куќата и е секогаш полна со луѓе и сè уште не е свесна што се случува. До неа ќе стигне само кога ќе заминат гостите и кога ќе се смират работите … Сале почна многу работа и сега треба сето тоа да и го префрли на неа, а таа не може да ја префрли ни колата на нејзино име додека не има оставинско рочиште – рече Ќира и истакна дека Саша имал само еден симптом.

-Ние двајца поминувавме многу време заедно, човекот немаше никакви симптоми освен кашлање, иако и јас тогаш кашлав. Неверојатно е што отишол на магнетна резонанца и ништо не покажало дека има рак. Сам размислував да го направам тој преглед, но кога слушнав дека трае еден час, се откажав. Дури го прашав: „Мајко, што правеше таму еден час?“.
Не можев да поверувам кога ми кажа дека се обидел да ги запамети сите учесници во „Ѕвездите на Гранд“ – изјави Ќира и додаде:
-За дијагнозата дозна дури кога по три недели отиде да го извади гипсот од ногата, а лекарите видоа дека ништо не заздравило. Дотогаш болеста веќе се проширила и за жал тој не можел да се спаси.
На крајот истакна дека сè уште не може да се помири со смртта на неговиот кум.

– Сè уште не ми се верува дека Сале го нема. Многу ми е тешко кога ќе го слушнам неговиот глас на телевизија.
Да потсетиме, пејачот и неговата сопруга пристигнаа од Германија во вторникот, во домот на семејството Поповиќ и оттогаш се со нив. Првата вечер ја поминаа со Сузана и Александра.