Taжна вест ја потресе Македонија – Почина Милан Кубин, еден од најдобрите македонски кик боксери

Утрово трагична вест ја потресе македонската спортска јавност – почина Милан Кубин, еден од најистакнатите кик боксери во земјава.
Кубин беше повеќегодишен член на македонската репрезентација во кик бокс и дел од скопскиот кик бокс клуб “Гладијатор”. Неговата богата спортска кариера е исполнета со бројни признанија и медали од домашни и меѓународни натпревари. Меѓу неговите најголеми успеси се вбројува сребрениот медал освоен на Европското првенство во Лутраки, Грција, пред осум години. Во 2016 година беше прогласен за најдобар спортист на Град Скопје.
фото принтскрин
Причините за неговата ненадејна смрт се уште не се познати. Колегите и неговите бројни обожаватели се простуваат од него преку социјалните мрежи, изразувајќи длабоко жалење за загубата на овој врвен спортист.