Реклама
Бизнис

НИШТО ОД БАРАНИТЕ 500 ЕВРА – еве колку ќе порасне минималната плата месецов

Реклама

Минималната плата ја примаат повеќе од 20 илјади вработени, од кои најголемиот дел работат во мали и микро фирми. Работодавачите сметаат дека минималната плата може да оди и над 500 евра, доколку за тоа се обезбеди реална основа, односно доколку се зголеми продуктивноста.

Висината на минималната плата не може да биде пониска од 57 отсто од висината на просечно исплатената нето-плата во државата, велат синдикалистите.

Работниците да не очекуваат минимална плата од 500 евра велат за телевизија 24 од Конфедерација на синдикалните организации на Македонија.

Маркетинг

Тоа што им следува на работниците е загарантиран минималец кој ќе порасне согласно законски утврдената методологија, проблемот велат е и во тоа што според КСОМ работодавачите не се согласуваат да зголемат плата ако владата не субвенционира придонеси.

Маркетинг

Дополнителен проблем според синдикалците е и формирањето на комисијата која треба да се формира за да се утврди репрезентативноста на синдикатите кои се дел од ЕСС.

Премиерот Христијан Мицкоски неколкупати изјави дека како Влада ќе прифати тоа што ќе се договорат синдикалците и работодавачите. Прашан за висината на минималната плата во земјава, премиерот Мицкоски истакна дека Владата наскоро ќе формира комисија на која треба да се утврди репрезентативноста на синдикалните претставници во Економско социјалниот совет.

На последниот економско социјален совет владата им кажала на синдикалците и работодавачите дека субвенционирање на плати нема да поддржи.

Од Организацијата на работодавачи пак, велат дека законското услогласување на минималецот согласно новата методологија, од 22.500 на 24.400 денари не би требало да предизвика некои поголеми проблеми во работењето на компаниите.

Ќе извиси ли предлогот од страна на Стопанската Комора на Северозападна Македонија, за зголемување на минималната плата на 500 евра, под услов државата да ги покрие зголемените придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, ќе се знае до крајот на месецов, кога и треба да биде донесена конечната одлука за висината на минималната плата. Инаку, сегашниот минималец, кој изнесува 22.500 денари е сума што ја става земјава на дното по висината на минималецот, во споредба со државите од регионот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button