Реклама
Новости

Зарем вака се уриваат најубавите соништа на идната снаа: Лепа Брена не попушта, синот и е на прво место

Реклама

Лепа Брена е позната по гостопримството, а тоа важи и за понежните половини на нејзините синови. Софија Спасојевиќ, девојката на нејзиниот син Виктор, беше пречекана со многу топлина и добрина.

Неодамна сите заедно уживаа на егзотичниот Тајланд, но иако пејачката мисли се најдобро за својата потенцијална снаа, Брена не го менува мислењето за Виктор и бракот.

Брена секогаш во се поставувала високи стандарди и така ги воспитувала Виктор, Стефан и Филип. Таа и Боба им подариле безгрижно детство, полно со љубов, но и квалитетно образование, поради што денес се остварени и успешни луѓе.

Маркетинг

фото инстаграм

Маркетинг

Најмладиот Виктор веќе активно учествува во семејниот бизнис и води фирма за чистење фасади и прозорци, а се шпекулира дека ќе се проба и во туризмот. Иако е задоволна од неговите професионални успеси, Брена смета дека се уште не е време за брак.

Вистина е дека јавноста посакува свадба и штом се појави нова девојка, почнуваат шпекулациите за бракот на Виктор. Сепак, јасниот став на Брена ги урива соништата.

Брена кажа се што мисли за Виктор и бракот

– Мојот став е дека мажите пред 30 години не треба да се женат. Секој маж треба прво да помине голема километража – кога се во прашање образованието, работата, финансиите, жените и забавата – низ насмевка рекла Брена и додала дека верува дека Виктор ќе почека малку бидејќи и Филип не брзал да се ожени.

фото принтскрин

И навистина, Филип Живојиновиќ се ожени со Александра Пријовиќ дури во 2018 година, кога имаше 33 години. Пред тоа имал исполнето се што според Брена треба да го доживее зрел маж. Студирал психологија и спортски менаџмент на Универзитетот Рајс во Хјустон, работел како спортски агент во Беверли Хилс, а подоцна отворил ресторан во Белград.

Брена смета дека најлесно е да се стане родител, но дека детето треба да се воспитува одговорно и посветено. Затоа таа и нејзиниот сопруг Боба им даваат јасни совети на Стефан и Виктор кога е бракот во прашање.

Дали ќе ги послуша – останува да видиме!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button