Реклама
Новости

ОВА Е ПОСЛЕДНАТА ОБЈАВА НА САША ПОПОВИЌ! Далеку од Гранд пронајде мир

Реклама

Наскоро ќе наврши цела година откако креативниот директор на Гранд продукција, Саша Поповиќ, поради нарушено здравје се повлече од наjгледаното шоу во регионот.

Се започна прилично безопасно, со скршеница на ногата што ја имаше Саша, но работите набрзо се искомплицираа, а неговата последна објава на социјалните мрежи дава увид во неговата долгорочна борба со стресот и менталното здравје.

Маркетинг

фото принтскрин

Иако „Гранд“ го најави неговото враќање пред неколку месеци, сепак тоа не се случи, а ниту Поповиќ никогаш не се огласи.

Маркетинг

Неговите соработници на проектот „Ѕвездите на Гранд“ тврдат дека тој работи од дома секој ден и внимателно следи се што се случува во студиото на Кошутњак, а се верува дека наскоро ќе имаме можност да го видиме во добро познатата фотелја.

Иако интересот на јавноста за состојбата на Саша Поповиќ е огромен, тој реши да не се огласува, а членовите на семејството ја почитуваат желбата на поп-магионичарот. Последната објава на мрежите на Поповиќ датира од септември 2020 година, кога објави серија фотографии од својот одмор.

фото принтскрин

Тој тогаш беше на одмор во друштво на сопругата Сузана Јовановиќ, фудбалерот и поранешен сопруг на Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ, како и пејачката Драгана Јана Тодоровиќ. Поповиќ во таа прилика со своите следбеници ги сподели причините зошто престанал да ги користи социјалните мрежи и како таа одлука му помогнала да си го подобри менталното здравје.

„Добар ден, еве ме пак“

Тој раскажа како стресот предизвикан од деловните обврски, како и пандемијата COVID-19, го принудиле да се повлече и да се посвети на самиот себе.

Поповиќ истакна дека паузата од технологијата, медитацијата и времето поминато со семејството му помогнале да се чувствува подобро и посреќно и дека сега е подготвен да се врати на работа со обновена енергија и внатрешен мир. На крајот, тој испрати порака до своите следбеници да се грижат за себе за да можат да се грижат за другите.

фото принтскрин

– Добар ден, еве ме пак на мојот профил. Изминатите неколку недели беа исклучително стресни, како за мене, така и за моите колеги, стрес предизвикан од работата што ја имаме над нашите глави и, се разбира, веќе добро познатата ситуација со Ковид-19 за сите нас.

– Јас сум од таква природа што длабоко навлегувам во работата и обврските, па често се занемарувам себеси и своите потреби, што негативно се одразува на моето ментално здравје.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button