Реклама
Вести

Овие граѓани иако скенираа сметки не добија исплата за МојДДВ – ова е причината

Реклама

Во системот на Управа за јавни приходи, за четвртиот квартал од 2024 година за 5,157 кориснички профили нема точни или ажурирани податоци со што не можат да им бидат исплатени средствата, информира УЈП.

„Корисниците на МојДДВ кои немаат исплата на средства за претходни тримесечје, треба да проверат дали во апликацијата имаат оставени точни податоци за трансакциска сметка на нивно име за да може системот на УЈП да ја изврши исплатата.“, стои во соопштението од каде укажуваат на најчести грешки кои го одложуваат процесот на исплата:погрешно внесена трансакциска сметка, внесена трансакциска сметкана друго лице, наместо трансакциска сметка внесен број на платежна картичка, внесена трансакциска сметка која непостои или е згасната.

УЈП додава дека во тек е исплатата на средствата за скенираните сметки во период октомври – декември кон 496,543 корисници. Според пресметките по основ на МојДДВ, ќе бидат исплатени над 870 милиони денари. Законскиот рок за исплата на повратот за четвртиот квартал е до 28.02.2025 година.

Маркетинг

Откако ќе заврши реализацијата на редовниот поврат (четврт квартал), УЈП ќе отпочне и со реализација на средствата за корисниците кои имале неажурирани податоци и немало можност да се исплатат средствата во минатите квартали.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button