![](/wp-content/uploads/2025/02/naman-rege-pevac-preminuo-poznati-mladi-780x470.jpg)
Францускиот реге пејач Мартин Мусард, познат по уметничкото име Наман, почина во петокот, на 7 февруари, на 34-годишна возраст.
Пејачoт со години се бореше со тумор на мозокот, кој му беше дијагностициран во 2019 година.
На неговата официјална страница на Инстаграм е објавена фотографија, заедно со тажна порака:
– Наман го испушти последниот здив утрово во 10:10 часот. Дека животот никогаш не умира… – стои меѓу другото во објавата.
фото принтскрин
Во емотивната објава се вели:
„Кога умираше, сакаше луѓето да знаат дека нивната љубов е неговата сила. Додека размислуваше за својот живот, беше фасциниран од толку многу убавина и богатство. До самиот крај сакаше да пишува песни. Музиката беше во секој негов здив.
Неговата храброст во лицето на болеста, неговото трпение и добрина, и покрај болката, се инспирација за сите кои ја имаа привилегијата да се грижат за него во неговите последни денови. Со целосна самодоверба и пријде на смртта. Тој е љубов. Неговата радост е вечна. Неговите песни ќе живеат вечно. Го славиме заедно“.
Наман беше една од најпрепознатливите реге ѕвезди на новата генерација. Неговата музика му донесе верна публика ширум светот, а неговите песни носат моќни пораки за љубов, надеж и слобода.