Реклама
Вести

Подгответе се: Доаѓа снег и многу студ

Реклама

Времето денес сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

Во Скопје променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Маркетинг

Продолжува период на стабилно и суво време, на повеќе места со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината. Кон средината на следната седмица се очекуваат локални врнежи, претежно од снег, информираат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.

Маркетинг

фото пекселс

Утре по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најниската температура во текот на утрешниот ден се очекува да достигне минус шест степени Целзиусови. Според најавата, 11 степени Целзиусови се предвидува да достигне максималната температура во Гевгелија.

Во Скопје во текот на утрешниот ден се прогнозира температурата да достигне максимум осум степени Целзиусови.

За време на овој викенд, и понатаму територијата на нашата Република Македонија ќе биде под влијание на ладната и сува воздушна маса која продира од источните и од североисточните предели на Европскиот Континент, што значи дека во ваква ситуација, ќе имаме сув студ, особено во ноќните и во утринските часови, прогнозира Славчо Попоски

Времето ќе биде сончево, со појава на мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.

Наутро по котлините ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 0 степени, додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button