Не, никогаш нема да погодите колку години има Благоја Грујовски – сопругата 24 години помлада од него
Многумина се изненадени кога прв пат ќе ја видат бројката, пејачот изгледа минимум две децении помладо
Познатиот фолк-пејач Благоја Грујовски долго време го гледавме и како водител на телевизија, но тоа всушност е и неговата професија.
Пејачот и денес изгледа младешки и е полн со енергија, а многумина се изненадени кога ќе слушнат колку години има Благоја.
Па верувале или не, Благоја е роден 16 септември 1962 година, така што оваа година ќе го прослави својот 63-ти роденден.
Фејсбук/ Благоја Грујовски
Тој е роден во Скопје, а својата кариера како пејач ја започнува во 1993 година, но покрај музиката паралелно се занимава и со својата новинарска кариера.
Па така Благоја долго време работеше како водител во Радио Скопје, потоа во 2013 и 2014 година беше водител на емисијата „Плетенка“ на МТВ, па „Фолк-естрада“ на Сител и емисијата „Везилка“ на Телевизија Алфа.
Фејсбук/ Благоја Грујовски
Македонскиот Доријан Греј
Во врска со својата музичка кариера Благоја во една пригода во интервју за Гламур магазин ќе се присети на своите почетоци.
И како што самиот вели, нема никогаш да ги заборави првите настапи со групата „Мераклии“ со кои всушност тој и ја започна својата музичка кариера, како и нивниот заеднички настап на „Цветници“ кога Баже преку ноќ стана миленик на публиката, посебно меѓу претставничките на понежниот пол, а тоа е и денес.
Фејсбук/ Благоја Грујовски
„Да, секако дека се сеќавам и секако дека нема да заборавам, тоа беа многу турбулентни моменти, јас бев музичар во групата Мераклии заедно со Јове Кекеновски кој подоцна ми стана и кум, и по некоја игра на случајноста кога требаше да се снима ‘Туѓино јабано’ мораше јас да ја снимам затоа што другите во моментот не можеа и не ми беше баш пријатно затоа што никогаш не го правев тоа“.
Фејсбук/ Благоја Грујовски
„Башка бев новинар во македонско радио и ми беше едноставно срам да го правам тоа, знаев дека кога ќе ја снимам ќе треба да излезам и да пеам, а јас не сакав. Но некако успеаја да ме убедат и дали за жал или за среќа, а верувам дека е за среќа, бидејќи песната стана многу слушана и голем хит во тоа време дури и евергрин и од таму почна моето патешествие како пеач“, за присети во една пригода Благоја на своите почетоци во интервју за Гламур магазин.
Инаку, Благоја денес е во среќен брак со сопругата Ирена, со која беше во врска две и пол години пред да запловат во брачните води.
Фејсбук/ Благоја Грујовски
Тие во 2009 година застанаа на лудиот камен, а Ирена која е 24 години помлада од него, на свадбата беше во шестиот месец од бременоста.
По некое време се роди и синот Марко, а Благоја има уште еден син, од бракот со водителката Татјана Стојановска.
Интересно за Благоја е и тоа што многумина за него велат дека е македонскиот Доријан Греј, односно дека и денес изгледа како и на почетокот од својата кариера.
Фејсбук/ Благоја Грујовски
Но како што вели Благоја, нема никаква тајна во неговиот изглед, иако многу луѓе му кажуваат дека не се менува.
„Не можам да кажам точно на што се должи, многу луѓе ми го кажуваат тоа дека не се менувам, но јас знам дека се менувам гледајќи слики од пред 20 години гледам дека се менувам, но можеби кај мене тој процес оди бавно. Немам некој посебен рецепт, живеам умерено не се лишувам од ништо, сакам да се напијам понекогаш една, две, три чашки, сакам и да запалам и некоја цигара но не сум, ни пушач ни пијач. Можам да не пијам и можам да не пушам не сум зависен од ништо“, изјави во една пригода познатиот пејач за Гламур.
Целото интервју со него прочитајте го тука...
Бонус видео
Благоја Грујовски во младоста