Реклама
Вести

Утре сите желби на жените се остваруваат: Потребно е да направите само едно нешто

Реклама

Утре е Преподобна Ксенија Римјанка.

Ксенија потекнуваше од римско аристократско семејство. Во семејството го доби името Евсевија. Сакајќи да ја омажат, родителите подготвија свадба, но Евсевија тајно го напушти домот и, заедно со две свои поранешни слугинки, го започна монашкиот подвиг на островот Коа.

Таму и се нарече Ксенија, што значи туѓинка. Подоцна, сите три се преселија во карискиот град Милас. Таму останаа до крајот на своите земни животи. Грижливо чуваната тајна на преподобна Ксенија, поранешната Евсевија, ја откри една од нејзините сестри после нејзината смрт, заживувајќи го на тој начин ова чудесно сведоштво за Црквата Христова.

Маркетинг

Во мигот на смртта (455 г.) над манастирот се појави прекрасен знак: венец од ѕвезди со крст во средината, посјаен од сонце. Од нејзините мошти мнозина болни добија исцеление.

Маркетинг

Нејзините робинки го следеа примерот на својата игуманија и кога умреа беа погребани, според нивната желба, крај нозете на блажената Ксенија.

Со оглед на тоа дека големата светителка цел живот се борела за правото на жените сами да одлучуваат што да прават со својот живот, Ксенија и денеска се смета за заштитничка на припадничките на поубавиот пол.

Затоа утре жените би требало да се воздржат од било каква работа, посебно онаа врзана за куќата. Наместо тоа во чест на светителката денот би требало да се помине во природа и одмор, како и да се сврати во црква, да се запали свеќа и да се помолите.

Се верува дека желбите кои ќе се замислат додека се молите на Светата Ксенија сигурно ќе бидат исполнети.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button