Реклама
Вести

Овие граѓани добиваат еднократен бонус од 6.000 денари – потребно е да направат една работа!

Реклама

Со цел поддршка на младите претприемачи со доделување на еднократна финансиска парична помош.

За таа цел објави и јавен повик, согласно Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани, млади претприемачи чиј бизнис е со седиште на територија на Општина Илинден.

Износот кој Општина Илинден го доделува како финансиска помош за младите претприемачи е во висина од 6.000 денари. Исплатата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена.

Маркетинг

Барањата од јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнување.

фото илустрација

Право на учество на јавниот повик има секое полнолетно лице со навршени најмногу 34 години живот кое ќе регистрира трговско друштво согласно закон во Централен регистар за трговски друштва и други правни лица во календарската 2025 година со седиште на територија на општина Илинден.

Маркетинг

Времетраењето на јавниот повик е шест месеци од 03.02.2025 година до 31.07.2025 година.

За сите дополнителни информации заинтересираните граѓани можат да се информираат директно во просториите на Општина Илинден или на официјалната веб страница ilinden.gov.mk.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button