Македонија повторно под снежна обвивка: Во овие делови пристигнува снег, температурата оди во длабок минус
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен слаб локален дожд.
По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје променливо облачно, во делови од котлината магливо. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Преку ноќта и утре поради продор на постудена воздушна маса ќе има појава на слаб снег, а до среда ќе се задржи северниот ветер кој повторно ќе засилува, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Утре максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10 степени, а минималната од -5 до 2 степена.
Според прогнозата на УХМР, во среда и четврток краткотрајно ќе биде стабилно, а во петок и на почетокот на викендот понекаде ќе има појава на слаб дожд, на планините понекаде ќе провејува снег.
Утринските температури до крајот на работната недела ќе бидат во опаѓање.