Хороскоп

Духовни мисли од Преп. Максим Исповедник и Блажен Максим Грк – „оној што го љуби Бога, никого не растажува и не се растажува поради минливите работи“

На 3 февруари се чествуваат двајца големи светители со исто име – Преподобен Максим Исповедник и Свети Максим Грк.

Advertisement

Двајца светци со исто име, Максим, во еден дух.

Преподобен Максим Исповедник (VII век) се борел против монотелитската ерес, која тврдела дека Христос има само една волја – Божествена, а не и човечка. Тој ја бранел православната догма дека Христос има две природи и две волји – Божествена и човечка, што било потврдено на Шестиот вселенски собор (680–681).

Advertisement

Поради својата бескомпромисна вера, бил прогонуван, мачен и затворан, но останал непоколеблив сведок на вистината.

Свети Максим Грк (XV–XVI век) живеел во време на големи верски превирања и кризи на религиозната свест како на Запад, така и на Исток. Тој бил учен монах од Света Гора, поканет во Русија за да работи на исправка на богослужбените книги, но подоцна бил обвинет за еретички влијанија и поминал долг период во заточение. Неговите дела сведочат за длабока духовност и стремеж кон вистинската вера.

 

Advertisement
在 Instagram 查看这篇帖子

 

Ivan Miladinovic (@ivankarington) 分享的帖子

Овие двајца светители, иако разделени со векови, се поврзани преку нивната борба за чистотата на православието и вистинското христијанско учење.

Духовни поуки од Преп. Максим Исповедник

Не презирај ја совеста, која секогаш ти дава најдобар совет, бидејќи таа ти нуди Божји и ангелски совет.

Кога некој се гневи на тебе, биди со него нежен, смирен и живеј во мир со него – така ќе го избавиш од страста.

Во сите наши дела, Бог гледа на нашата намера – дали ги правиме за Него или од некоја друга причина.

Ако ненадејно те снајде искушение, не обвинувај го оној преку кого дошло, туку барај зошто дошло – и ќе најдеш поправка.

Оној што согрешил, не може да го избегне идниот суд без доброволни болни подвизи во овој живот или без страдања од неизбежни неволји.

Не споредувај се со послабите луѓе, туку труди се да растеш според заповедта за љубовта.

Блажени се само оние кои и делуваат и страдаат за Христос и поради Христос.

Оној што љубопитно се занимава со туѓите гревови или суди за братот според свои сомнежи, сè уште не го започнал покајанието и не се загрижил да ги запознае сопствените гревови.

Искрен пријател е оној кој во време на искушение на ближниот, заедно со него – без вознемиреност и страв – ги поднесува како свои негови тага, потреби, несреќи и маки.

Блажен е човекот кој може подеднакво да ги љуби сите.

Бестрасноста е мирна состојба на душата, во која таа не е подложна на зло.

Целта на Божјата Промисла е повторно да ги соедини оние кои злото ги разделило, преку вистинската вера и духовната љубов.

Не биди самољубив, и ќе бидеш богољубив. Не биди самоугодник, и ќе бидеш братољубив.

Оној што Го љуби Бога, никого не растажува и не се растажува поради минливите работи.

Духовни поуки од Блажен Максим Грк

Не се лажи со празни зборови на лажни мудреци, туку почитувај го Евангелското учење и обиди се со добри дела и спокојни солзи да ја измиеш тежината на многуте свои согрешенија.

Претпочитај да бидеш сиромашен, отколку да имаш изобилство сребро. Ако недостатоците те вознемируваат, претпочитај да трпиш, а не да вознемируваш други.

И добро е кажано: нечесно срце е желното око. Затоа што собирањето сребро и злато никогаш не може да се засити. Никогаш не престанува, но колку повеќе се задоволува, толку повеќе се разгорува кај злотворот. Страстта кон среброљубието и насилството е како оган: како што огнот повеќе наоѓа материјал, така и желбата за злато секогаш се разгорува во ненаситното срце на љубителот на богатството.

Тие што не родиле и воспитале, често нè одбиваат од себе, се одвраќаат од нас и повеќе не сакаат да знаат за нас, ако со грубост или безчестие се однесуваме кон нив. А Создателот наш, иако ние без број го навредуваме со прекршување на спасителните Негови заповеди, и иако го отфрламе Него и Неговите благодејанија кон нас, Тој тогаш не нè отфрла, не престанува да има благонаклоност кон нас, туку со сите можни начини продолжува да ни го насочува срцето кон Него и да нè исправува.

Доколку навистина сакаме да примиме таква неизразлива Божествена радост од нашиот Господ Исус Христос, ќе се облечеме во облека која одговара на таа радост, исплетена од дела на правда и милосрдие, за да можеме да уживаме во таа Божествена радост во бескрајни векови.

Тој што Му принесува само долги молитви, а не се грижи за тоа да Му принесе плод на Божиите заповеди, кои се љубов, правда и милост, ќе слушне од Него: “Што ми зборувате ‘Господи, Господи’, а она што ви го заповедав, не го правите”.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button