Реклама
Вести

Спасен Силјановски со порака до политичарите: Парите не те спасуваат од клетвата на народот!

Реклама

Eден од нашите најпознати фолкери Спасен Силјановски се огласи на фејсбук со интересен статус па решивме да ви пренесеме во целост:

“Се тече се се менува” – Хераклит

За некое чудо ми се појави објава од поранешниот министер на полиција, па ми падна нешто во очи кое би сакал да го искоментирам јавно со вас. Прво што забележав е енормно малата бројка на лајкови која што ја има на неговите објави. Незначителна бројка од стотина лајкови, за разлика од онаа што ја имаше кога ја носеше титулата министер односно бројка од неколку илјади лајкови на неговите објави.( верувам дека 90% лајкувачите не ја ни читале, но за тоа подоцна).

Маркетинг

Еден кинески мудрец има напишано: Човек те прават добрите дела и авторитетот кој го стекнуваш додека си најниско на хиерархијата. Твоето значение помеѓу народот треба да биде заслужено на начин кога ке го искористиш својот интелектуален(или било кој друг) капацитет со свој придонес во општеството, наметнување морални и етички норми, кодекс на однесување, едукација се со цел за подобро утре како на себе така и на своите сограѓани. Најбитно од се придонес со својот максимален потенцијал за својата Татковина. Љубовта и патриотизмот да не ги збориме.

Што сака да каже писателот?.

Маркетинг

По принципот “вујко владика јас поп” за жал во нашата средина критериумите се тотално испоместени. Партиските партии се често злоупотребувани за градење на кариери на личности кои се воопшто неспособни и буквално анонимци се додека “вујкото владика” не им даде фотеља, а со тоа и моќ за командување. Арно ама секоја моќ сноси и одговорност. Одговорност може да има само човек кој што потекнува од семејство со традиционални вредности, човек кој што е воспитан да биде “ЧОВЕК” во буквална смисла, просперитетен, работлив, креативен, визионер, и најбитно човек кој ги поминал сите социјални класи почнуваќи од најдолната….Неисе…Каде се лајковите на поранешниот министер?! Ги нема, ги нема затоа што никогаш ги немало, ги немало кога бил никој, бил безвреден во неговата средина се до моментот кога се добрал до таа функција.

АВТОРИТЕТОТ не се купува, тој се стекнува со дела. Се друго е лажно. Народот потиснат од економската ситуација е принуден лажно да се додворува само за да добие некоја трошка со која ке може да преживее. Арно ама ХЕРАКЛИТ кажал дека се тече се се менува, така овие незнам зошто не разбираат дека еден ден ке слезат од тронот бидеќи тоа е природен процес и повторно ке се вратат таму од кај што дошле.

Некој ке рече: “ке се вратат ама со полна вреќа”. Јас не се согласувам со тоа. Вреќата не го мие образот. Парите не те спасуваат од клетвата на народот. Ова мое писание нека служи за памет на сите оние кои биле власт, кои се власт, и кои ќе бидат власт.

Бидете достоинствени, бидете СЛУГИ на вашиот народ, сочувајтего образот(ако сте го имале) затоа што “СЕ ТЕЧЕ СЕ СЕ МЕНУВА” , а ништо нема поубаво од мирен сон….😉 ФУНКЦИЈАТА НЕ ТЕ ПРАВИ ЧОВЕК, ДЕЛАТА ТЕ ПРАВАТ ЧОВЕК.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button