Сезоната на Водолијата, која трае од 20 јануари до 18 февруари, носи многу промени и бран позитивна енергија за многу знаци од Зодијакот.
Додека оваа енергија не‘ повикува да бидеме креативни, отворени и храбри, петте хороскопски знаци ќе почувствуваат посебен бран на среќа.
Вага
Вагите ќе чувствуваат хармонија и внатрешен мир во сезоната на Водолија, како во приватниот така и во професионалниот живот. Енергијата од овој период ги поттикнува на посмели одлуки, кои многукратно ќе ви се исплатат.
Тимската работа и соработката со другите дополнително ќе го подобрат нивното чувство на задоволство, а ова е вистинско време Вагите да ги преземат чекорите што ги одложуваа до сега.
фото пекселс
Стрелец
Во овој период, Стрелецот ќе биде исполнет со оптимизам и желба за авантура. Водолијата им носи нови можности и на личен и на професионален план. Ова е вистинско време да си поставите долгорочни цели, бидејќи ѕвездите ќе ги фаворизираат.
Стрелецот ќе привлече луѓе и можности кои ќе им помогнат да ги реализираат своите планови, а нивната природна енергија ќе биде клучот за успехот.
Близнаци
Близнаците во овој период ќе бидат полни со идеи и инспирација. Енергијата на Водолијата ги поттикнува да ги прошират своите хоризонти и да истражуваат нови можности. За Близнаците ова е совршено време за учење, патување и започнување проекти кои ќе им донесат долгорочен успех.
Особено ќе уживаат во групните активности, кои можат да им донесат неочекувани резултати и среќа.
фото пекселс
Водолија
Водолиите ќе се чувствуваат незапирливо во текот на нивната сезона. Нивната харизма и креативност доаѓаат до израз, а можностите за успех ќе дојдат наеднаш. Ова е идеален момент за изразување нови идеи и постигнување на одамна посакуваните пресвртници.
Енергијата од овој период им обезбедува дополнителна самодоверба, која ќе им помогне да ги постигнат своите цели и да ја воодушеват околината.
Риби
Рибите ќе најдат емоционална јасност и инспирација за нови почетоци во сезоната на Водолија. Ова е време кога ќе се ослободат од ограничувањата што ги кочат и ќе најдат внатрешен мир. Особено ќе им биде нагласена интуицијата, што ќе им помогне да донесат правилни одлуки.
Во овој период, Рибите ќе процветаат на полето на креативноста и ќе најдат начин да ја изразат својата уникатност.