Вести

Тажна вест: Почина познатиот македонски професор

Advertisement

На 83-годишна возраст, денеска во Скопје, почина проф. д-р Васил Мицевски, редовен професор во пензија на Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде што остави длабок и траен белег во областа на физиката.

Професорот Мицевски беше познат по својата работа и придонеси во оптиката на тенките слоеви и високотемпературната суперспроводливост.

Advertisement

Тој беше основач на лабораторијата за истражување на електричните својства на високотемпературните суперспроводници и активно учествуваше во научноистражувачки проекти од национален и меѓународен карактер.

Неговата научна кариера вклучува 61 научен труд објавен во домашни и странски списанија, како и авторство на неколку учебници и помагала, меѓу кои „Збирка на решени задачи по физика“, која го олесни образовниот процес за бројни генерации студенти. Тој беше ментор на една докторска дисертација и три магистерски трудови.

Advertisement

Покрај истражувањата, проф. Мицевски беше и активен член на меѓународни конференции и симпозиуми, учествувајќи на настани како Конгресите на МФАЈ, Балканските конференции за физика и други.

Како долгогодишен член и претседател на Друштвото на физичарите на Македонија, тој неуморно работеше на промоција на физиката, особено преку активностите на Школата „Млади физичари“.

Со неговото заминување, македонската научна заедница губи истакнат истражувач, професор и научник кој трајно ја збогати областа на физиката во земјата и пошироко.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button