Ивана Јо на неколку операции во Истанбул – „со верба и добра мисла сѐ ќе помине, фала на пораките и молитвите“
„Патот кој живот ќе ми смени започна на 20. јануари, упатувајќи се накај Истанбул“.
Пејачката Ивана Јо пред неколку години направи операција на желудникот и буквално се преполови, но се уште инвестира во својот изглед.
Моментно таа е во клинички центар во Инстанбул каде тукушто направи една операција, а се планираат неколку.
„Патот кој живот ќе ми смени започна на 20. јануари упатувајќи се накај Истанбул“ – напиша таа неодмна на својот инстаграм-профил објаснувајќи дека „овој јануари доаѓа првата фаза од операцијата која ќе биде абдомино пластика и липосукција на стомак и подбрадок, додека за втората фаза ќе дискутираме после 6 месеци“.
„Најважно од сѐ е во целиот процес-отстранување на вишок кожа да се влезе со вистински и реални очекувања од своето тело. Предизвик ќе биде целиот процес- но знам дека со верба и добра мисла сѐ ќе помине. Фала ви на сите до еден за секоја порака и убава мисла и молитва“, додаде Ивана во објавата.
Сега ги извести своите слебеници на социјалните мрежи дека операцијата успешно завршила.
View this post on Instagram
Пејачката постираше видео објава и објаснува дека 24 часа по операцијата веќе е на нозе.
Следуваат и други операции закажани по опоравувањето, а и за нив Ивана вети дека детално ќе ги известува своите следбеници на Инстаграм.