Реклама
Вести

НАЈНОВА МЕТЕО ПРОГНОЗА: Еве кога не очекува поголемо затоплување на времето!

Реклама

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди почести во источниот дел и со слаб југозападен ветер.

По котлините ќе има појава на магла и ниска облачност која во текот на денот ќе слабее. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 14 степени.

Маркетинг

фото пекселс

Во Скопје променливо облачно и тивко со појава на магла која во средината на денот ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Маркетинг

Според УХМР, во наредните денови ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со пораст на дневната температура особено на планините. По котлините ќе се задржи магливо и постудено со пониска дневна температурата. Постојната снежна покривка значително ќе се намалува од крајот на работната недела.

Трендот на раст на температурите ќе продолжи и по викендот. Во текот на целата наредна недела ќе имаме облачно време но и температури кои нема да одат во минус ниту во утринските часови.

фото пекселс

За време на идниот викенд на некои места ќе има и температури кои ќе надминуваат 17 степени.

Прогнозите се слични и за првата недела од февруари со тоа што се најавува разведрување кое на средина од оваа седмица ќе ги спушти утринските температури под нулата а дневните нема да одат над 10.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button