Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот Фејсбук профил објави дека донесена е одлука за намалување на цената за продажба на станбениот и на деловниот простор во Битола во објектите што ги гради ЈП за станбен и деловен простор од значење за Републиката.
На денешната седница на Влада усвоивме одлука со која становите што ги гради ЈП за станбен и деловен простор во Битола ќе се продаваат по реални цени, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
„– 65 стана ќе се продаваат по 1000 евра за метар квадратен
– 11 дуќани по 2000 евра за метар квадратен
– 71 паркинг место по 500 евра за метар квадратен
Со ова вршиме интервенција во пазарот за недвижности во Битола и запирање на лудилото на зголемувањето на цени на станови!
Очекувам исти или слични активности и во други општини во периодот што следи“, пишува во својата објава Николоски.