Реклама
ВестиОгласи

Една од најуспешните компании во Македонија бара работници – нето плата до 45.000 денари

Реклама

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени, насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата

Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за вработување на

Електротехничари во електро одржување

Маркетинг

Електротехничарите ќе бидат задолжени за електро одржување на индустриски машини (трансформатори, мотори), трансформаторски станици и релејна заштита, PLC управувани машини, лабораториски инструменти и друго во Одделението за електро одржување. Според план придонесуваат кон перформансите на тимот за електро одржување.

Маркетинг

Работите ги извршуваат според законските прописи и компаниските стандарди за безбедност и здравје при работа. Извршувањето на задачите го прави во најголем дел самостојно, или како дел од тим. Работното време се одвива во три смени.

Нето платата за работното место е од 35.000 до 45.000 денари. Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување, додатоци за ноќна, празнична и прекувремена работа, како и бонус за успешно работење.


Потребни квалификации:

Средно електро техничко училиште, IV степен, електротехничка насока
Работно искуство од 1-3 години во индустрија ќе се смета за предност
Познавање на PLC и компјутери ќе се смета за предност
Познавање на MS Office, AutoCAD, Windows OS
Познавање на релејна заштита, ел.енергетски постројки, енергетски трансформатори и електромотори
Познавање на англиски или германски јазик ќе се смета за предност

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:

1. Мотивациско писмо
2. Биографија (CV)
3. Доказ за завршено образование

Рок за пријавување: 24.01.2025

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.
Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална определеност, религија или убедување.

Аплицирањето може да се врши на веб страницата на Цементарница УСЈЕ https://www.usje.mk во делот Кариера/Придружете ни се или на меил hr@usje.mk

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју

Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за вработување на

Помлади оператори во производство ​

Одговорен за следење и контрола на правилната и точната работа на процесната опрема, како и помагање во водење на технолошкиот процес на подготовка на суровинско брашно, процес на добивање готов производ, пакување и палетизирање на цемент и усјемал во склад со процедурите за работа. За време на застои и заглавување учествува во отстранувањето на дефектите, одглавувањето, и расчистувањето на Погонот. Работното време се одвива во три смени.

Основната нето плата за работното место изнесува од 35.000, додека платата се зголемува со додатоците за сменско работење и прекувремена работа. Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување, како и додатоци за ноќна, празнична и прекувремена работа. На ова работно место следуваат и други бенефиции, како бонус за успешно работење.

Kвалификации на кандидатите:
CCC/IV степен стручна подготовка
Претходно работно искуство од 1 година ќе се смета за предност

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:

1. Мотивациско писмо
2. Биографија (CV)
3. Доказ за завршено образование

Рок за пријавување: 24.01.2025

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.
Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална определеност, религија или убедување.

Аплицирањето може да се врши на веб страницата на Цементарница УСЈЕ https://www.usje.mk во делот Кариера/Придружете ни се или на меил hr@usje.mk или да достават CV во архива во просториите на Цементарница УСЈЕ.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button