Астролозите веруваат дека неколку знациод Зодијакот ќе бидат вистински миленици на судбината во текот на февруари. Им се смешка богатство и огромен успех на сите полиња.
Јарец
Од 26 февруару постои голема можност за нови бизнис планови, чиј иницијатор ќе бидете токму вие.
фото пекселс
Иако се ќе се случува во втората и третата декада од месецот, вие ќе имате енергија и ќе бидете подготвени за нови предизвици. Голем успех може да имаат оние кои се вклучени во семеен бизнис или работат со недвижнини. Што се однесува до финансиите, ќе биде напнато до 19 март, но подоцна ќе почувствувате одредено подобрување.
Иако слободните ќе им бидат магнетно привлечни на спротивниот пол, тие сепак нема да пронајдат соодветен партнер, бидејќи личностите на кои ќе наидуваат ќе сакаат забава, а не посветеност. За оние кои се во врска, ова не е поволен период за долгорочно планирање и важни одлуки.
Водолија
Постои голема можност да ја промените сегашната работа, или да бидете унапредени. Ве очекуваат бројни бизнис договори кои треба да ги реализирате.
фото пекселс
Февруари ќе биде одличен месец за вашите финансии. Вашиот буџет ќе се зголемува без голем напор, а можно е да дојдете до уште поголеми приходи со помош на вашиот партнер. Слободните Водолии нема да ги интересира сериозни врски, но ќе имаат доста можности добро да се забавуваат.
Водолиите кои се во врска ќе имаат потреба од повеќе слобода, а тоа би можело да ја стави врската под прашање. Оние кои се во брак, од партнерот ќе бараат повеќе посветеност и романтични моменти, но реалната состојба на работите ќе биде таква што и двајцата повеќе ќе се занимавате со себеси.
Риби
И покрај турбулентните околности, многумина од вас можат да очекуваат напредок на работа, но ќе биде потребно будно да го следите развојот на ситуацијата.
фото пекселс
Невработените ќе наидуваат на нови можности и перспективи. Финансиската состојба ќе биде одлична. Освен што професијата ќе ви донесе заработка, дополнителни приходи можете да реализирате со помош на пријателите или некој член на семејството.
Слободните Риби би можеле да запознаат нов партнер додека брзаат кон реализирање на своите финансиски планови. Оние што се во врска, во првата половина од месецот ќе бидат повеќе посветени на заедништвото и емотивните размени, а потоа ќе мора да се насочат на решавање на некои практични прашања.