Реклама
Вести

Mногу тажен ден за семејството Ражнатовиќ, Цеца скршена од тага

Реклама

По повод 25-годишнината од смртта на Жељко Ражнатовиќ Аркан, членовите на неговото семејство Светлана Цеца Ражнатовиќ, Вељко и Анастасија денеска нешто пред 11 часот се собраа на Новите гробишта каде се одржа панихида.

Анастасија беше видно потресена, како и остатокот од семејството, и сите обичаи беа запазени.

Маркетинг

Како и секоја година, семејството Ражнатовиќ пристигна со црвени и бели рози, кои ги положи на споменикот на Жељко.

Една од најконтроверзните личности во поновата српска историја, Жељко Ражнатовиќ Аркан, беше убиен на 15 јануари 2000 година, пред точно 24 години.Tој бe[e ликвидиран со три истрели во главата во белградскиот хотел „Интерконтинентал“.

Маркетинг

Околу 17 часот на 15 јануари 2000 година, пред белградскиот хотел „Интерконтинентал“ застанале две возила. Од „опел калибра“ излегле Драган Николиќ и Милан Ѓуричиќ, кои од претходно ѝ биле познати на полицијата. Од другото возило излегле Зоран Николиќ – Пегла и Доброслав Гавриќ.

Пегла останал на паркингот, додека другите тројца влегле во холот, спремајќи се да го извршат тројното убиство.

Во хотелот била голема гужва, Аркан седел на сепарето недалеку од рецепцијата.

Тој во хотелот пристигнал еден час порано со сопругата Светлана Цеца Ражнатовиќ, нејзината сестра Лидија Величковиќ и телохтранителот Ѕвонко Матовиќ. Додека сестрите шетале низ продавниците, Аркан седел во холот на сепарето.

По неколку минути по 17 часот му се доближиле Гаги и Мики. Се ракувале со Аркан, се бакнале со Манда и кренале кон скалите кои воделе до хотелските сали за свадба. Гавриќ седел на друго сепаре, неколку метри позади Аркан.

Минута подоцна, Гавриќ станал од столот, од капутот извадил пиштол и испукал во Аркан. На подот паднале чаурите, чаши, флаши, а гостите бегале на сите страни.

Како што изјави Зоран Николиќ Пегла, кој беше еден од обвинетите за соучесништво во убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан кое е платено четири и пол милиони марки и државата знаела дека се подготвува негова ликвидација!

Аркан беше еден од најмоќните луѓе во Србија во тие години. Изгледаше недопирливо и неуништливо, но неговото пријателство со Зоран Ускоковиќ Сколет ќе испадне судбоносно за него, што ќе ги чини и двајцата на крајот од животот.

Сколе и Аркан работеа заедно во бизнисот со препродажба на домашни фудбалери во странство.

Аркан и Ускоковиќ имаа удел во милионскиот трансфер на тогашниот младински репрезентативец Никола Лазетиќ во странство во 1998 година. На дошло до недоразбирање за распределбата на парите, а Сколе и Гага почувствувале дека не се „испочитувани“.

Да потсетиме, Светлана често зборуваше за љубовта со Жељко, а како што вели и самата, првата средба ќе ја памети додека е жива.

– Оливер Мандиќ не запозна на настан. Потоа имаше измислена приказна дека Аркан ми ја скрати косата и Жељко ми рече „Дали си ти ѕвездата што редовно ја шишам?“ Се исплашив. се лизнав! Продолживме да се гледаме, а јас првa го бакнав! Не се заљубив во Жељко поради неговата моќ, туку во него како човек и во неговите човечки квалитети – изјави еднаш Цеца.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button