Четири месеци по инцидентот, Тему го повлекол овој дуксер од продажба.
Осумгодишната Даниела од Австралија едвај преживеала откако се запалил дуксерот кој го добила на подарок.
Девојчето за роденден доби дуксер со мотиви од еднорог кои светат, нарачани од платформата Тему. Таа била воодушевена од подарокот и го носела цел ден. Но, за време на прославата, врз дуксерот паднала искра, што предизвикало пожар.
Дуксерот се топеше на неа, таа врескаше“, изјави мајката Хана Џејкобс. Присутните гости беа сведоци на страшна сцена додека дуксерот се топеше како пластика на кожата на Даниела.
Девојчето се здобило со тешки изгореници од трет степен на лицето, рацете и горниот дел од телото. Таа беше подложена на трансплантација на кожа и помина низ вкупно 14 операции.
Четири месеци по инцидентот, Тему го повлекол овој дуксер од продажба. Истрагата покажа дека производот не ги исполнува австралиските безбедносни стандарди.