Реклама
ВестиДијаспора

Не доаѓајте во Германија, не се исплаќа повеќе да се живее овде…

Реклама

Само во 2022 година над 53.000 наши граѓани се преселиле во Германија. Во 2021 година пак, над 32.000 Македонци се преселиле во Германија, каде според последниот попис од 2022 година живееле 222.000 нашинци, објави Институтот за јавна политика „Арбен Џафери“.

Цели семејства од Македонија се почесто се решаваат да заминат во Германија и таму да го продолжат животот. Од сите градови на земјава се случува масовно иселување во потрага по подобар стандард и достоинствен живот.

Маркетинг

Повеќето од нив планирааат да останат во Германија се до пензија, а потоа да се вратат назад, за да можат да имаат достоинствен живот на стари години, со повисока, германска пензија. Сепак, велат дека тоа најмногу зависи од нивните деца, бидејќи ако децата им останат во Германија, не би сакале на старост да бидат разделени од нив.

Берлин, Штутгарт, Бавариа, Хановер… се области во кои живеат најголем број на Македонци во Германија. Бројката од над 85.000 нашинци кои само во 2021 и 2022 година го напуштиле родното огниште и се преселиле, самата по себе е застрашувачка.

Маркетинг

„Не доаѓајте во Германија, не се исплаќа повеќе да се живее овде“, се почесто го слушам и читам ова од истите луѓе кои упорно седат во Германија, не ја напуштаат, не се враќаат назад ама вие немој да доаѓате, не се исплаќа повеќе!

Еве да ви ја објаснам ситуацијата на кратко:

Струјата двојно поскапе, парното поскапе, храната поскапе, НО државата постојано дава поволности:

Минималецот го покачија на 12.41 евра

Миниџоб го покачија на 520 евра

Дадоа 300 евра енергетски бонус во септември

Државата го плати парното во декември

Од март државата ги замрзна цените на струјата и парното и плаќа се што е вишок

250 евра детски додаток од 01.01.2023

Данокот се намалува, границите за оданочување се зголемуваат

Додатокот за домување – Wohngeld се зголемува

Се воведува Бургергелд со сите додатоци

Платите растат, синдикатите ги покачуваат за 10-15%

Храната сè уште е убедливо најевтина во регионот во споредба со стандардот.

Извинете, но што направија нашите земји за тоа???

Животот во Германија се уште е многу подобар отколку во Македонија и воопшто на Балканот.

Државата е организирана, здравството е бесплатно.

Сите кукаат за нешто, но никој не се враќа! А вас ве убедуваат: не доаѓајте, не чини овде.

Многу и ќе се пронајдат во текстов, некои од едната, некои од другата страна…но таа е вистината, ве молам
исправете ме ако не е така.

Исто и многу од постарите генерации, кога ги молевме да ни помогнат да дојдеме Германија, ни викаа: немате бугарски пасоши. Па вадевме бугарски, а потоа ни викаа: не знаете јазик. Па учевме јазик, па ни викаа: не чини во Германија, не е тоа што беше.

Извинете на сите што ќе се пројнајдете во статусов.

Со Почит

Емигрико.мк

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button