Најпознатото балканско шоу „Ѕвездите на Гранд“ пред распад!? Веќе е започнат процесот на превземање на младите таленти од Гранд
Сопственикот на Хајп, Саша Мирковиќ откри шокантни детали за Гранд продукцијата
Саша Мирковиќ, сопственикот и директорот на продукцијата Хајп, неодамна јавно тврдеше дека Гранд продукција наскоро ќе згасне.
Сопственикот на Хајп, Саша Мирковиќ откри што ќе биде со пејачите и жирито на Гранд
Имено, сопственикот на Хајп, Саша Мирковиќ, гостуваше во емисијата „Претрес“ која се емитува на неговата телевизија, а со водителот Стефан Усиљанин разговараше на повеќе теми.
Секогаш директен и отворен, Мирковиќ овој пат зборуваше без влакна на јазикот, а посебно внимание на гледачите привлекоа неговите тврдења за познатата „Гранд продукција, за која Мирковиќ вели дека „се распаѓа“.
– Полека сите ќе одат од Гранд во Хајп… Тие се во фаза на распаѓање, скоро сега во месец јануари… – рече Мирковиќ.
Дали го имате тоа чувство или знаете? – праша водителoт.
– Знам. Никогаш немам чувство, но имам знаење. Запомни што ти кажав сега. Ја уништија културата и музиката на Србија многу, навистина многу, премногу. Време е да се затворат, а наскоро сите ќе бидат на Хајп. Неколку од нив би дочекал во јатото на Хајп – изјави Саша Мирковиќ, но не сакаше да ги открие имињата, но, како што вели, за само неколку дена ќе биде големо изненадување за сите.
Сега по овој повод повторно се огласи на својот Инстаграм профил.
– Во наредните денови Hypeproduction.rs ќе почне да ги презема пејачите кои сакаат да го напуштат Гранд. Единствените што не можат со нас се тие што седат во жирито и ги мамат овие деца и им ги земаат парите ветувајќи им кули и градови – напиша Мирковиќ во својата објава.