Од што боледува Саша Поповиќ – помистериозно од ситуацијата на Кејт Мидлтон
„Сите болести доаѓаат од стрес“ - вели пријателот на Саша. Секако дека доаѓаат. Но, секако и дека некои прашања заслужуваат одговор.
Саша Поповиќ во последно време се бори со сериозни здравствени проблеми поради кои со месеци не се појавува во јавноста. Ситуацијата, како што сега тврди блискиот соработник и пријател на Саша, Зоран Пејиќ Пеја, се подобрува.
„Се молам на Бога тој да победи. Голем борец е, и прекрасен човек е, заслужил да го победи се тоа. Оди на подобро, многу е бавно, но остварливо е – раскажа Пеја за српски Свет, потоа открива како се држи Саша:
„Одлично се држи. Свесен е за тоа што треба да го направи, и тоа го прави. Патува, оди во Франција, па доаѓа дома. Има и тука прегледи, има лекари кои се грижат за него. Сега е посветен на своето здравје. Сите контакти поврзани со „Гранд“ ги реализира преку телефон и дава директиви“ – вели водителот.
Според Пеја, „сите болести доаѓаат од стрес“.
„Па веројатно и нему тоа му се случи. Јас ги оперирав крвните садови, и мојата работа е стресна“.
Потсетуваме дека во мај 2024, Саша доживеа незгода кога падна од скали и си ја повреди ногата. Кога посетил лекар поради ногата, докторите сфатиле дека нешто не е во ред и му предложиле лекувањето да го продолжи во странство.
Во септември минатата година, српска „Република“ објави дека Саша е на лекување (прво во Германија, па потоа во Франција) и дека ја води „најважната животна битка“ поради влошен имунитет, и дека лекарите предложиле да се промени крвта за да го зајакне организмот.
Самиот Саша не сака(л) да се зборува за неговата болест.
На крајот на месец ноември некои од медиумите известија дека Поповиќ имал и срцеви проблеми, а во декември оваа вест беше демантирана и повторно почна да се пишува дека Саша има проблеми поради стрес.
Какви проблеми имал, се уште останува непознато. Но јасно е дека за време на празничните денови, особено за Божиќ, не видовме фотографија од „весела трпеза со насмеани лица“.
Српските медиуми не известуваа конкретно што се случува во домот на Саша и сопругата Сузана за празниците (и покрај бомбастичните наслови), во текстовите само се навраќаа на старите интервјуа дадени за Божиќ и за тоа што претставува празникот за семејството.
Од што боледува Саша?! – изгледа е прашање кое е без одговор за јавноста. Прашање кое е можеби помистериозно од она – од што боледува принцезата Кејт Мидлтон.
Но, кога (извесни) јавни личности се во прашање, некои прашања од јавноста кон нив, заслужуваат одговор.