Руска салата, кифлички, печење – вака изгледа божиќната трпеза на Здравко Чолиќ
Уна Чолиќ, ќерката на Здравко Чолиќ, сподели со своите следбеници на Инстаграм како се слави Божиќ во домот на најголемата балканска ѕвезда.
Уна Чолиќ ја покажа богатата божиќна трпеза во домот на музичката ѕвезда Здравко Чолиќ, а судејќи по фотографијата која се најде на нејзината инстаграм-„приказна“, доста време требало да се подготви сѐ ова.
На масата има традиционална храна која се приготвува за празниците, меѓу која и кифлички, печење и руска салата.
Тука е класичната даска со кашкавал, сирење, салами, маслинки….
Следбениците на Уна на социјалната мрежа Инстаграм, ѝ дадоа комплименти што споделила како семејството Чолиќ го прославува Божиќ, но пофалби стигнаа и за нејзината мајка (Александра, сопругата на Здравко), за трудот што го вложила во приготвување на традиционалните јадења.
Потсетуваме, Здравко Чолиќ своевремено за српските медиуми рече – „Уна само нешто фотографира. Мене не ми се допаѓа тоа, но не можам да ѝ забранам. Таа е таква, едноставно комуницира со луѓето, сака да се слика. Со мене се сликаат. Јас никогаш не сум бил таков, што помалку, тоа подобро. Само кога морам, поради работа“.