СПЕЦИЈАЛ-ПРОДУКТ ДООЕЛ Скопје е компанија со 30 годишна традиција која поради понатамошен развој објавува оглас за:
Тим лидер во слаткара
Бараме талентиран професионалец за слатки кој е страсен за поместување на границите на слаткарската индустрија. Ако имате креативен начин на размислување и силна позадина во изработката на извонредни десерти, пријавете се да бидете дел од нашиот динамичен тим.
Работни должности:
Задолжен/а за навремено и квалитетно изработување на производите;
Експертиза за современи техники и трендови во создавање на десерти
Силна способност за експериментирање со вкусови, текстури и презентација на истите
Страст за создавање иновативни, висококвалитетни колачи
Внимание на детали, прецизност и посветеност на иновација
Води и инспирира тим на слаткари
Задолжен/а за подготовка на тестото, филовите и филување на производите согласно нормативите и рецептурите;
Се грижи за квалитетот на производите за време на печењето, се грижи за хигиената на производите, личната хигиена и хигиената на опремата и просториите;
Врши контрола и прием на суровините;
Одговорен е за ажурно водење на документацијата;
Врши проверка на температурата на фрижидерите и температурата на печењето;
Прием и припрема на нарачки;
Дава извештај за сработеното на претпоставениот на дневно ниво
Обавува и други работи од делокругот на негово/нејзино работење по налог на претпоставените;
Работни одговорности:
Се придржува кон актите на работодавачот за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци;
Го почитува правилникот за работни односи, Кодексот за однесување и сите интерни правилници и политики на друштвото;
Го почитува работниот распоред,
Ги подобрува вештините и квалификациите преку присуство на организирани обуки од друштвото;
Во комуникација со потрошувачи разговорот го води културно и етички во согласно со кодексот за однесување и сите интерни правилници и политики на друштвото;
Коректно ги употребува софтверските апликации, според постојните процедури;
Работата ја извршува согласно индивидуалниот договор за работа и вложува сопствен труд во согласност со неговата стручна подготовка и квалификации, истовремно внимавајќи на квалитетот и роковите за завршување на работата;
Ја почитува работната дисциплина;
Го почитува редот и чистотата на работното место согласно Кодексот на однесување и барањата на друштвото
Ги почитува упатствата на работодавачот за безбедно работење;
Во случај на несреќа при работа должен е да го извести непосредниот раководител и правната служба телефонски или писмено веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа.
Образование, квалификација, професионалано работно искуство:
Средно образование;
Работно искуство во слаткарство, пожелно на лидерска позиција
Работење и однесување во согласност со принципите на деловната комуникација и поведение;
Познавање на сите услуги кои ги нуди друштвото
Лични карактеристики:
Навремено исполнување на работните задачи;
Организираност;
Доверливост;
Лојалност ;
Одговорност;
Одлучност и креативност
Тимски работник
Што нудиме ние:
Пријатна работна средина со многу предизвици
Плата: 55.000 ден.
Исплата на регрес
Тимска работа
Кариерен развој и мотивација
Обуки за развој
Континуиран фидбек од работата
Рок за пријавување:
Повеќе инфо имате тука