“Знаеше дека сум женет но прифати да бидеме заедно, жал ми е за неа, беше многу заљубена”: Искрена исповед на познатиот пејач за врската со Тања Савиќ!
Уште од самиот почеток на нејзината кариера Тања Савиќ ја следат најразлични скандали и шпекулации.
Постојано се пишуваше за нејзиниот љубовен живот, за тоа дека се скарала со својата најдобра пријателка поради момче, но сега после долго време повторно во јавноста излезе веста за нејзината врска со оженет пејач.
Имено поранешното момче на Тања Савиќ популарниот пејач Баџи, бил во брак додека се забавувал со неа.
Наводно, пејачката две години била во врска со Станко Недељковиќ попознат како Баџи кој наводно јавно истакнал дека пејачката знаела дека тој е женет, па поради таа причина не сакала за медиумите да зборува на оваа тема.
Наводно Тања била лудо вљубена во Баѓи што дури и не и пречело што тој бил женет.
– Тања од почетокот знаеше дека сум женет и никогаш не ми побара развод. Можеби и беше јасно дека никогаш нема да го направам тоа. Нашата врска немаше иднина. Не ѝ дадов лажна надеж или лажни ветувања.
– Речиси целото време што го поминавме заедно бев во алкохолизирана состојба, па не се сеќавам на многу работи. Она малку време кога бев трезен, ме гризеше совест. Ми беше жал за Тања. Не ѝ посветував доволно внимание, не се сеќавам дека сум и дал нешто – изјави своевремено поранешното момче на Тања Савиќ и истакна дека ставил точка на таа врска бидејќи нема смисла да задржи млада и надежна девојка покрај него.
Да потсетиме, Тања и Баѓи се запознале додека пејачката се натпреварувала во „Ѕвездите на Гранд“.
Набргу откако се запознале, започнале врска која траела две години, а раскинувањето се случило кога Тања започнала врска со Дарко Филиповиќ.
Во тој период, на прашањето дали има момче, Савиќ одговорила потврдно, но никогаш не сакала да го открие неговиот идентитет.
Тања Савиќ неодамна се појави со својот вереник Муки, никогаш поубава и среќна, на полнолетството на ќерката на Јана. Меѓу 500-те гости беше и поранешниот партнер на Тања Савиќ, која беше во брак во времето кога беше со неа.
Имено, пејачот Баѓи пред многу години беше во врска со пејачка, за која своевремено јавно проговори пред својата сопруга. Сопругата на Баџи, Славица, првпат по долги години се сретна со неговaта поранешена љубовница.