Реклама
Вести

ДОАЃА ПОЛАРЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: На овие места се очекуваат 90 см снег

Реклама

Почнувајќи од утре (23 Декември понеделник) од утринските часови, па во текот на седмицата под влијание на длабок циклонски систем со центар над Средоземјтето, поврзан со многу ладен воздух од север, во Македонија ќе настапи голема промена на времето која ќе донесе обилни врнежи претежно од снег, а во Повардарието и во крајните југоисточни предели ќе врне претежно дожд или повремено врнежите ќе бидат од дожд и од снег, вели Славчо Попоски.

Во поголем дел од Македонија ќе се формира снежна покривка, особено во западните и во источните предели каде се очекува висината на снежната покривка во овие делови и тоа во делови од градовите ќе биде со висина од 5 до 10 сантиметри, понекаде и до, па и над 20 сантиметри.

Маркетинг

фото пекселс

На повисоките места, планините како и на Скијачките центри снежната покривка значително ќе се зголеми, и на планините и Скијачките центри таа вкупно со новиот снег ќе изнесува локално и над па и до околу еден метар.

Маркетинг

Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец. А утре (понеделник) најпрвин тој ќе биде од југоисточен правец. Да напоменам дека во некои од пониските места (градовите) врнежите ќе бидат од дожд и снег, за потоа да преминат само во снег.

фото пекселс

Што се однесува до Скопје и околината, со овој голем влажен и ладен бран ќе има врнежи од дожд и снег, а во деновите од новата седмица се очекува да се формира снежна покривка на околните планини, како и во повисоките предели од котлината, а мала снежна покривка можно е да се формира и во делови од пониските предели од Скопската котлина.

Повремено и во Скопје ќе дува засилен ветер од северен правец, а утре (понеделник) накратко тој ќе биде од југоисточен правец.

Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, додека и преку ден тие ќе се искачуваат само за некој степен над нулата, а понекаде тие ќе останат и до околу, па и под нулата.

фото пекселс

Секако, на планинските места и на Скијачките центри тие преку целиот ден ќе бидат под нулата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button