Вести

Македонски херои: Спасуваа животи по нападот во Германија

Advertisement

Бројот на загинати во нападот на божиќниот пазар во германскиот град Магдебург на 20 декември, се искачи на пет, додека на повредени на најмалку 200 лица, изјави премиерот на покраината Саксонија-Анхалт, Рајнер Хаселоф.

Говорејќи пред новинарите на местото на нападот на 21 декември, тој рече дека денеска ќе биде ден на тага и жалост.

Advertisement

Канцеларот Олаф Шолц, исто така го посети Магдебург, при што изјави дека речиси 40 луѓе се „толку сериозно повредени што мораме да бидеме многу загрижени за нив“.

„Тоа е страшен, трагичен инцидент“, рече Шолц и ја пофали професионалноста на службите за итна помош и оние кои ги лекуваа повредените.

Македонската амсбасада во Германија се огласи пред малку со објава во која вели:

Advertisement

Горди со Д-р Златко Станковски и Д-р Владимир Митевски

фото фејсбук

фото фејсбук

Златко е од Прилеп, а Владимир од Радовиш. Тие работат како специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург. Синоќа го дадоа својот придонес во спасувањето и лекувањето на погодените од трагедијата во Магдебург🇩🇪.

Горди со нашата дијаспора

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button