Реклама
Вести

Над 30 сантиметри снег ќе наврнат во овие делови на Maкедонија: Ни доаѓа вистинска зима, градовите ќе бидат покриени со снег, ЕВЕ КОГА!

Реклама

Од петок попладне под влијание на циклонска активност ќе започнат врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Во сабота поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер над 65 километри на час и врнежите ќе преминат во снег и во некои од пониските места.

Наместа врнежите ќе бидат пообилни над 30 литри на метар квадратен, па на планините снежната покривка позначително ќе се зголеми. Помала снежна покривка се очекува и во некои од пониските места.

Маркетинг

фото пекселс

Управата за ходрометеоролошки работи соопшти дека преодно стабилизирање на времето ќе има во недела, а од понеделник се очекуваат нови врнежи претежно од снег.

Маркетинг

Во Скопје од петок попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Во сабота ќе дува засилен северен ветер и во повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат преминат во снег. Во недела ќе има преодно стабилизирање, а нови врнежи од дожд и снег се очекуваат од понеделник попладне.

Според најновите излези на Евроспкиот модел (ECMWF) кој секако е најажурен, во периодот од 20 до 24 Декември големо количество на снег ќе наврне ширум Балканот, вклучувајќи ја и нашата Македонија, поради тоа што ќе бидеме зафатени од многу ладен циклон кој ќе биде со центар над Средоземјето, вели Славчо Попоски.

фото пекселс

Во ваква ситуација најпрвин ќе имаме врнежи од дожд, за набргу на многу места врнежите од дожд да преминат во обилни врнежи од снег, како на планинските и високите места, така и во пониските места (градовите), што значи на многу места во овој период ќе има преубава снежна идила.

Во периодот од 20 до 24 декември ќе се формира снежна покривка која на планините и Скијачките центри ќе изнесува дури до околу, па и над еден метар, а во повеќето градови се очекува снежна покривка од 10 до 20 сантиметри, понекаде и над 30 сантиметри.

фото пекселс

Сето ова ќе биде проследено и со засилен, повремено силен ветер од северен правец, а температурите значително ќе опаднат, па така и преку ден тие на повеќе места ќе се задржат до околу, па и под нулата, што значи дека ќе има и појава на голомразица.

Поради ветерот кој го очекуваме се очекува појава и на снежни наноси, особено на планинските и на повисоките места.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button